Имот на МПЦ - ОА под лупа

Останато

База на податоци за имотите на МПЦ - ОА во Северна Македонија. Направете анализа на видовите на имот, нивните површини и местоположбата.

Одбрани филтри

Останато


МПЦ-ОА располага со вкупно 1.855 имоти на 1.112 локации, кои припаѓаат во оваа категорија.

Имотот на МПЦ-ОА од категоријата Останато е распространет на површина од 2.093.579 квадратни метри, што претставува 2,07 отсто од вкупната површина со која располага МПЦ-ОА.

Во оваа категорија се наоѓаат сите имоти што не можеа да бидат сместени во другите девет категории, а се дел од имотот на МПЦ-ОА. Најголем дел од категоријата се имоти на кои има изградено објекти, но градбите не се внесени во катастарот, поради што не може да се направи нивна категоризација.

Остатокот од категоријата е земјиштето на кое катастарот изоставил да ја забележи неговата намена, како и на други придружни објекти што се дел од ваквите парцели.

Исто така, може да се најдат улиците и патиштата што се сопственост на црквата, противпожарниот дом во Струмица, трафостаниците, научните институции заедно со нивните дворови и помошни објекти.

Распределба на имот од Останато по епархии:

  • Дељадровско-илинденска епархија: 5
  • Кумановско-осоговска епархија: 155
  • Скопска епархија: 177
  • Струмичка епархија: 179
  • Брегалничка епархија: 122
  • Повардарска епархија: 149
  • Крушевско-демирхисарска епархија: 27
  • Преспанско-пелагониска епархија: 393
  • Дебарско-кичевска епархија: 497
  • Тетовско-гостиварска епархија: 151

Во Останато на МПЦ-ОА припаѓаат следните видови на имот:

    Друг поврзан имот за Останато:

    • Останато: 1.855 имоти на површина од 2.093.579 m2

    Останат имот според површина


    Реден број Површина Верска заедница Епархија Носител Категорија на имот Вид на имот Право на користење Општина Катастарска општина Имотен лист Катастарска парцела
    2451 74 m2 МПЦ - ОА Дељадровско-илинденска епархија ЦРКВА СВ ИЛИЈА Останато Земјиште под зграда Сопственост Илинден СКОПЈЕ - МИЛАДИНОВЦИ-ВОНГРАД 128 1186
    2452 40 m2 МПЦ - ОА Дељадровско-илинденска епархија ЦРКВА СВ ИЛИЈА Останато Земјиште под зграда Сопственост Илинден СКОПЈЕ - МИЛАДИНОВЦИ-ВОНГРАД 128 1185
    2453 3.074 m2 МПЦ - ОА Дељадровско-илинденска епархија ЦРКВА СВ.СПАС С.БУНАРЏИК Останато Дворно место Сопственост Илинден СКОПЈЕ - БУНАРЏИК 58 267
    2454 36 m2 МПЦ - ОА Дељадровско-илинденска епархија ЦРКВА СВ.СПАС С.БУНАРЏИК Останато Земјиште под зграда Право на сопственост Илинден СКОПЈЕ - БУНАРЏИК 58 267
    2455 132 m2 МПЦ - ОА Дељадровско-илинденска епархија ЦРКВА СВ.СПАС С.БУНАРЏИК Останато Земјиште под зграда Право на сопственост Илинден СКОПЈЕ - БУНАРЏИК 58 267

    Истражувања

    Систем вон систем: Државата слепа за парите на МПЦ-OA и ИВЗ

    Институциите оставаат работењето на двете најголеми верски заедници да се одвива вон законските рамки

    Прочитајте
    Пазари, згради и падина на Водно во имотните листови на ИВЗ

    Вкупниот имот на Исламската верска заедница се протега на 13 квадратни километри

    Прочитајте
    Од ридови и планини до дуќани и станови – што сѐ има МПЦ-ОА

    Црквата има контрола врз имот два и пол пати поголем од државата Сан Марино

    Прочитајте

    лого на ПРИЗМА

    Балканска истражувачка репортерска мрежа
    ул. Мирослав Крлежа 67, 1000 Скопје
    тел./факс: 02/3290 280 | Контакт


    Базата на податоци Верски имоти под лупа е изработена од Балканската истражувачка репортерска мрежа.

    Содржините се достапни под меѓународната лиценца Creative Commons Attribution 4.0.